Објава
Објава бр.7 за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање
Комплетната објава можете да ја погледнете ТУКА.
Градежните парцели за с.Долна Белица можете да ги погледнете ТУКА.
Градежните парцели за с.Здуње можете да ги погледнете ТУКА.
Пријавата за учество на јавното наддавање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање на подрачјето на Општина Македонски Брод можете да ја превземете ТУКА.
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Предлог-Измена и дополна на Детален урбанистички план за „Блок - 2“, Урбан модул 10-дел за Македонски Брод за плански период 2013-2018 година можете да ја погледнете ТУКА.
Известување од Еко градинка
Почитувани Ве известуваме дека ние како Еко градинка спроведуваме еко проект „Хартија да се збира зошто може да се рециклира“.
Во месеците март, април и мај ние вработените, децата, родители, членови на еко одбор ќе собираме стара хартија (весници, списанија, картони, испишани тетратки, блокчиња, стари неупотребувани книги) со што би ја подигнале свеста за употреба на рециклирана хартија и заштита на планетата Земја.
Придружете се, приклучете се, бидете наши соработници, подржувачи, бидете пријатели на нашата градинка и планетата Земја.
Старата хартија ќе се доставува во градинка 7-ми Септември. Поблиски информации на телефон 274-349.
Еко градинка 7-ми Септември
Координатор
Силвана Стојкоска
Истражување на Граѓанска асоцијација МОСТ

Овој пат истражуваме која општина колку вложила во транспортната инфраструктура. Првиот податок којшто треба да претставува некаков показател пред претстојните локални избори е дека 23 општини немаат воопшто инвестирано во транспортна инфраструктура во периодот 2007-2011 година. Пронајдете ги имињата на тие општини на графиконот на pravodaznaes.mk.
А општини кои имаат најголемо ниво на инвестиции во транспортна инфраструктура по глава на жител се следните:
1. Предводи општина Пробиштип која за посочениот период вкупно инвестирала 45.501.187 евра или 2.898 евра по глава на жител;
2. По неа следи општина Македонски Брод со вкупно инвестиции од 8.319.854 евра или 1.254 евра по глава на жител;
3. А
општина Сопиште за истиот период вкупно инвестирала 5.119.512 евра
или по глава на жител 905 евра.
Со почит,
Граѓанска Асоцијација МОСТ
Известување
И З В Е С Т У В А Њ Е
Општина Македонски Брод по пат на електронско јавно наддавање минатата 2012 година отуѓи 111 градежни парцели со вкупна површина од 41322 м2 .Најголемиот број на градежни парцели се отуѓија во туристичките-викенд населби во с.Здуње и нас.Долна Белица каде што имаше голем интерес од граѓаните од целата Република.Најголемиот дел од овие парцели се со намена А4 (Индивидуално сместување во викенд куќи) за кои што почетната цена на аукцијата согласно уредбата на Владата на РМ е 61 денар/м2 .
Следни објави за отуѓување и давање под закуп на градежните парцели по пат на електронско јавно наддавање ќе бидат објавени по завршувањето на годинешните локални избори. Според мислењето на Државната комисија за спречување на корупција, согласно режимот утврден со Законот за спречување на корупција, во периодот од денот на донесување на Одлука за распишување на избори за избор на градоначалници и членови на советите на општините не може да се започне нова постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија a сите започнати постапки се прекинати и ќе продолжат по завршување на изборите.
Почитувајќи ги овие укажувања Комисијата за спроведување на постапките за јавно наддавање на Општина Македонски Брод донесе Заклучок и Решение за поништување на Објавата бр.4 и Објавата бр.6 кои поради големиот интерес ќе бидат објавени веднаш по завршување на локалните избори.
Од Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање



















