gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Повик за предлог-проекти

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 19 Септември 2018

Сподели

ПОВИК,

за предлог - проекти

Програмата за директна помош (ДАП) при Австралиската Амбасада во Белград е отворена за доставување на предлог-проекти од три земји: Србија, Република Македонија и Црна Гора. Програмата е достапна за невладини организации, граѓански организации, како и организации кои бараат средства за спроведување на активности/проекти, кои ги опфаќаат следните приоритети:

- Промовирање на човековите права, слобода на изразување и добро владеење

- Промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените како двигател на економскиот раст и

- Поттикнување на инклузивноста на лицата со посебни потреби.

Повеќе информации во врска со повикот можете да погледнете ТУКА.

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 12 Септември 2018

Сподели

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Се информираат граѓаните на Општина Македонски Брод и останатите посетители на градот дека се отпочнати работи на реконструкција на улицата „Партизанска“ во Македонски Брод. Истата ќе биде затворена комплетно за сообраќај по етапи се до завршување на градежните работи. Се информираат граѓаните да го користат заобиколниот пат од мостот на река Треска или таканаречениот мост Алкалоид.

Ви благодариме на разбирањето.

Трибина „На секое дете му е потребно семејство“

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 01 Август 2018

Сподели

Трибина со наслов „На секое дете му е потребно семејство“

Трибината се одржа во салата на Општина Македонски Брод, а во рамките на проектот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Македонски Брод, со подршка на Владата на РМ и Министерството за труд и социјална работа, а со цел да се информира пошироката јавност за формата и начинот на сместување во згрижувачко семејство, а со тоа и поголемо стимулирање на заинтересираните граѓани да станат потенцијално згрижувачки семејства, како и нивно запознавање со бенефитите кои згрижувачките семејства ги користат. Трибината се одржа вчера на ден 31.07.2018 година. 

Јавен повик

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 01 Август 2018

Сподели

ЈАВЕН ПОВИК

до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско - корисна работа, проект „Локалните институции заеднички до подобри социјални услови“, за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенцијата за вработување - Центар за вработување Македонски Брод.

Јавниот повик можете да го погледнете и превземете ТУКА.


Известување

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 31 Јули 2018

Сподели

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во периодот од 28.06.2018 година до 18.07.2018.година, работна група составена од претставници на Регионалниот кризен штаб за управување со кризи, изврши посета на повеќе населени места (с.Битово, с.Растеш, с.Требовље, с.Грешница, с.Слатина, с.Локвица, с.Белица, с.Близанско, с.Манстирец, с.Тополница, с.Томино село, с.Самоков, с.Бенче, с.Звечан и с.Крапа) со цел укажување на опасностите од палење на оган на отворен простор, но и превентивни мерки за заштита од шумски пожари.


Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Септември 2018
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Посетители

Денес46
Вчера57
Седмица178
Месец1033
Вкупно135791

од 4.11.2010 год.