gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Асфалтирана и проширена улицата „Илија Игески-Цветан“

PDFПечатиЕ-пошта

Испратено на 21 Ноември 2011

Сподели
alt
     Асфалтирана и проширена е улицата „Илија Игески-Цветан“ со што е подобрена патната инфраструктура за жителите од овој дел од градот. На „повеќе“ можете да ги видите сликите од оваа активност.

Read Article

Асфалтиран крак од улица „7-ми Септември“

PDFПечатиЕ-пошта

Испратено на 02 Ноември 2011

Сподели
alt

     Заврши асфалтирањето на крак од улица „7-ми Септември“. На повеќе можете да ги видите сликите од овој инфраструктурен зафат.

Read Article

Известување

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 21 Октомври 2011

Сподели

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ГРАДИНКАТА 7МИ-СЕПТЕМВРИ

НИЕ СМЕ ЕКО ГРАДИНКА

 

И ПАК НЕ ЗАСТАНУВАМЕ

ЗАТОА ПАК ВИ СЕ ЈАВУВАМЕ

 

НАШАТА ГРАДИНКА ИЗРАБОТИ ЕКО-КОДЕКС КОЈ ЈА ДЕФИНИРА НАШАТА МИСИЈА.

 

СО ЕКО-КОДЕКСОТ НА ЈАСЕН И СЛИКОВИТ НАЧИН СЕ ПОКАЖУВА ПОСВЕТЕНОСТА НА ГРАДИНКАТА ЗА ЕКОЛОШКОТО ВОСДПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

 

 

                                ЗАСЕГА ТОЛКУ

                                ТОПОЛ И ИСКРЕН ЕКОЛОШКИ ПОЗДРАВ

                                ДО НАРЕДНО СЛУШАЊЕ ЗДРАВО

                                ПОЗДРАВ ОД ГОЛЕМИ И МАЛИ

 

 


Започнува програмата „Форуми во заедницата“

PDFПечатиЕ-пошта

Испратено на 04 Септември 2011

Сподели

     Почитувани граѓани, Ве информираме дека започнува програмата „Форуми во заедницата“.

    Во рамки на новиот циклус на програмата „Форуми во заедницата“, Општина Македонски Брод е една од општините каде ќе се одржи Буџетски форум.

     Главна карактеристика на буџетскиот форум е што темата е однапред дефинирана, а тоа е ПОДГОТОВКА НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА.

     Во среда на 14.09.2011 година со почеток во 14:30 часот, во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи Првата форумска сесија од буџетскиот форум во рамките на програмата „Форуми во заедницата“.

     Инаку овој форумски процес ќе се одвива во 6 (шест) форумски сесии.

     Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и учество на општината со сопствени финансиски средства, а е раководена од Единицата за координација на форумите во соработка со ЗЕЛС.

     Програмата во Македонски Брод ќе ја спроведува                                 Македонски центар за меѓународна соработка.

Известување

PDFПечатиЕ-пошта

Испратено на 14 Јули 2011

Сподели
 Република Македонија
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ТЕЛО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИПАРД

ИЗВЕСТУВАЊЕ

     Врз основа на Јавниот повик 02/2011 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013) Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одржи инфо ден во општина Македонски Брод со цел запознавање со можностите и начините за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.

     За таа цел се повикуваат сите заинтересирани страни да дојдат на настанот на 22 јули 2011 (петок) во салата на општината со почеток во 17:00 часот.


Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Јули 2017
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Посетители

Денес22
Вчера92
Седмица205
Месец2364
Вкупно102908

од 4.11.2010 год.