gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Известување

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 06 Јануари 2016

Сподели

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Македонски Брод, Ве известува дека по објавениот повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на Новата 2016 година, изврши избор на три, односно четири најубаво украсени дворови и објекти.

    Со задоволство констатираме дека најубаво украсени дворови и објекти се во сопственост на следните лица:

1 место: Румена Михајлоска, ул.„Иво Лола Рибар“ бр.1 М.Брод

2 место: Ленче Илијоска, ул.„Браќа Миладиновци“ бр.21 М.Брод и

             Марина Јованоска, ул.„7-ми Септември“ бб. М.Брод 

3 место: Оливер Цветкоски, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.1 М.Брод

                 

Објава број 21/2015 за отуѓување на градежно земјиште

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 28 Декември 2015

Сподели

Објава број 21/2015

за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање во Општина Македонски Брод

Комплетната Објава можете да ја погледнете и превземете ТУКА.

Аплицирањето се врши електронски на следната веб страна http://www.gradezno-zemjiste.mk/


Одржана петтата форумска сесија

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 16 Декември 2015

Сподели

Извештај од петтата форумска сесија

alt

Петтата форумска сесија во рамки на буџетскиот процес во Општина Македонски Брод се одржа на 15.12.2015 година во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“ во присуство на околу 120 жители на оваа општина.

Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици и Програмата за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, канализациони мрежи и собирање и одведување на атмосферски води беа избрани за најприоритетни во текот на реализацијата на Буџетот за 2016 година, а 31 проект во рамки на шест буџетски програми беа приоретизирани за реализација во наредната година.

Жителите на оваа општина гласаа за проектите: Проект за реконструкција на локалниот пат Р1106 до с.Долни Манастирец и доасфалтирање на кракот што води кон ресторанот „Извор“:Изградба на улица во с.Слатина од главниот пат до селската црква.Изработка на проектна документација за фекална канализација за с.Девич и Изработка на проектна документација за фекална канализација за населба Долни Звечан до н.м.Самоков.Изградба на локалниот пат од с.Модриште до с.Вир.Водоснабдување на селата Горно Зркле, Сушица, Инче, манастирот „Св.Богородица“ и селата Горни и Долни Манастирец и други.

На крајот на сесијата беше формирана работна група за следење на реализацијата на предлозите, препораките и проектите.

alt

alt

alt

   






Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 11 Декември 2015

Сподели

Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

Општина Македонски Брод ги повикува граѓаните на Македонски Брод, да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Новата година и Божиќ.

Оваа година ќе биде направен избор на три најубави новогодишни декорации на индивидуални  објекти,  при што градоначалникот Милосим Војнески на избраните ќе им додели парични награди во висина од 100 евра во денарска противредност.

Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации  на телефонот 274-810 или директно во Одделението за локален економски развој.

Од страна на градоначалникот ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава ќе бидат украсени, по што ќе се донесе одлука кои од нив ќе бидат избрани за најубави декорации.

Имињата на добитниците ќе бидат објавени на интернет страниците на Општина Македонски Брод.

Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 30 Декември 2015 година.

За доделувањето на наградите  ќе следи известување на општинските интернет страници.


    Општина Македонски Брод

                                                     Градоначалник

                                                  Милосим Војнески

                                                                                                

                                                                                        

Извештај од четвртата форумска сесија

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 26 Ноември 2015

Сподели

alt

Форумот во Општина Македонски Брод, на четвртата форумска сесија што се одржа на 25.11.2015 година, во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“, разгледуваше неколку буџетски програми за 2016 година и тоа: Програма за развој на културата и спортот, Програма за заштита на животната средина и Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, канализациони мрежи и собирање и одведување на атмосферски води.

На сесијата на која присуствуваа 107 учесници, беа презентирани и предлозите од работните маси, коишто претходно беа разгледани заедно со Градоначалникот на Општина Македонски Брод, по што беа усвоени и од страна на форумот.

Учесниците на форумот дадоа 48 предлози за тоа како да се трошат буџетските средства согласно потребите на граѓаните за секоја буџетска програма одделно. 

alt

alt

Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Април 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Посетители

Денес25
Вчера67
Седмица164
Месец1858
Вкупно95606

од 4.11.2010 год.