gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Devich

Девина кула

Occasion to experience the legends of King Marko.

Kozjak lake

Езеро Козјак

Kozjak is the largest artificial lake in Europe, 32 km long.

Peshna cave

Пешна

Peshna is considered as the one of the largest caves opening in the Balkans.

Одржана петтата форумска сесија

PDFPrintE-mail

Written by %s Општина

POSTED ON 16 December 2015

Сподели
There are no translations available.

Извештај од петтата форумска сесија

alt

Петтата форумска сесија во рамки на буџетскиот процес во Општина Македонски Брод се одржа на 15.12.2015 година во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“ во присуство на околу 120 жители на оваа општина.

Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици и Програмата за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, канализациони мрежи и собирање и одведување на атмосферски води беа избрани за најприоритетни во текот на реализацијата на Буџетот за 2016 година, а 31 проект во рамки на шест буџетски програми беа приоретизирани за реализација во наредната година.

Жителите на оваа општина гласаа за проектите: Проект за реконструкција на локалниот пат Р1106 до с.Долни Манастирец и доасфалтирање на кракот што води кон ресторанот „Извор“:Изградба на улица во с.Слатина од главниот пат до селската црква.Изработка на проектна документација за фекална канализација за с.Девич и Изработка на проектна документација за фекална канализација за населба Долни Звечан до н.м.Самоков.Изградба на локалниот пат од с.Модриште до с.Вир.Водоснабдување на селата Горно Зркле, Сушица, Инче, манастирот „Св.Богородица“ и селата Горни и Долни Манастирец и други.

На крајот на сесијата беше формирана работна група за следење на реализацијата на предлозите, препораките и проектите.

alt

alt

alt

   






Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

PDFPrintE-mail

Written by %s Општина

POSTED ON 11 December 2015

Сподели
There are no translations available.

Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

Општина Македонски Брод ги повикува граѓаните на Македонски Брод, да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Новата година и Божиќ.

Оваа година ќе биде направен избор на три најубави новогодишни декорации на индивидуални  објекти,  при што градоначалникот Милосим Војнески на избраните ќе им додели парични награди во висина од 100 евра во денарска противредност.

Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации  на телефонот 274-810 или директно во Одделението за локален економски развој.

Од страна на градоначалникот ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава ќе бидат украсени, по што ќе се донесе одлука кои од нив ќе бидат избрани за најубави декорации.

Имињата на добитниците ќе бидат објавени на интернет страниците на Општина Македонски Брод.

Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 30 Декември 2015 година.

За доделувањето на наградите  ќе следи известување на општинските интернет страници.


    Општина Македонски Брод

                                                     Градоначалник

                                                  Милосим Војнески

                                                                                                

                                                                                        

Извештај од четвртата форумска сесија

PDFPrintE-mail

Written by %s Општина

POSTED ON 26 November 2015

Сподели
There are no translations available.

alt

Форумот во Општина Македонски Брод, на четвртата форумска сесија што се одржа на 25.11.2015 година, во просториите на ООУ „Св.Климент Охридски“, разгледуваше неколку буџетски програми за 2016 година и тоа: Програма за развој на културата и спортот, Програма за заштита на животната средина и Програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи, канализациони мрежи и собирање и одведување на атмосферски води.

На сесијата на која присуствуваа 107 учесници, беа презентирани и предлозите од работните маси, коишто претходно беа разгледани заедно со Градоначалникот на Општина Македонски Брод, по што беа усвоени и од страна на форумот.

Учесниците на форумот дадоа 48 предлози за тоа како да се трошат буџетските средства согласно потребите на граѓаните за секоја буџетска програма одделно. 

alt

alt

Language Јазик

English

Web Links





























Latest video

Easter 2011 Makedonski Brod

Facebook Фан страна

Calendar of events

M T W T F S S
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Visitors

Today81
Yesterday111
Week1031
Month2095
Total102639

од 4.11.2010 год.