gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Известување за Новогодишно украсување на дворови

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 05 Јануари 2015

Сподели

alt

alt

И З В Е С Т У В А Њ Е

Општина Македонски Брод, Ве известува дека по објавениот Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на Новата 2015 година, изврши избор на три односно четири најубаво украсени дворови и објекти.

Со задоволство констатираме дека најубаво украсени дворови и објекти се во сопственост на следните лица:

1.место: Ленче Илијоска, ул.„Браќа Миладиновци“ бр.21 М.Брод

2.место: Кристи Магно Трајкоски, ул.„Илинденска“ бб М.Брод

3.место: Румена Михајлоска, ул.„Иво Лола Рибар“ бр.1 М.Брод и

     Оливер Цветкоски, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.1 М.Брод

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 30 Декември 2014

Сподели

alt

 Почитувани сограѓани,

Последните денови од годината што одминува секогаш даваат можност за ретроспектива на она што сме сработиле, постигнале и исполниле во нашиот заеднички дом - Општина Македонски Брод.

Привилегија беше, но и голем предизвик да се раководи со Општина Македонски Брод во изминатава година како и претходните, наспроти сите економски потешкотии во земјава и надвор од неа.

Македонски Брод е изменет како во поглед на урбаниот лик така и во квалитетот на понудените услуги. На граѓаните им се понудени услуги со цел полесно да ги задоволат своите барања кои се во надлежност на општината, а тоа значи дека како Градоначалник, како општинска администрација и како Совет на општина, не само што сме излегле во пресрет на нивните потреби туку и сме отишле чекот понапред, било да се работи за процесот на продажба на градежно земјиште или за решавање на комунално-патните инфраструктурни проблеми.

Во 2014 година со повеќе активности настојувавме да ја зачуваме и унапредиме животната средина, да обезбедиме урбанизација на просторот и на заинтересираните инвеститори им понудивме поволни услови и градежни парцели, а ја продолживме и континуираната соработка со бизнис заедницата и невладиниот сектор.

Овој момент е можност и да фрлиме поглед напред, исполнет со надеж и очекувања дека во наредната 2015 година ќе продолжиме да чекориме по патот кон една побогата, просперитетна и среќна општина Македонски Брод.

Претстојните Новогодишни и Божиќни празници се убава можност да бидеме со нашите сакани, да поразговараме за она што го оставаме зад нас и да го прославиме доаѓањето на Новата 2015 година со многу надеж и ентузијазам.

Со желби за многу здравје, мир, љубов, толеранција, соработка и разбирање Ви посакувам СРЕЌНА НОВА 2015 ГОДИНА


                                                              Срдечно Ваш,

                                                             Градоначалник,

                                                           Милосим Војнески






Повик за новогодишно украсување

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 10 Декември 2014

Сподели

Општина Македонски Брод ги повикува граѓаните на Македонски Брод, да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Новата година И Божик.

Комплетното известување можете да го погледнете ТУКА.



Јавен повик

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 14 Ноември 2014

Сподели

Јавен повик

за избор на правно лице за стручно оспособување на кандидати и спроведување на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач

Согласно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Служен весник на РМ“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014 и 112/2014), Општина Македонски Брод распишува јавен повик за избор на правно лице за стручно оспособување и спроведување на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач.

Целосната содржина на јавниот повик можете да ја погледнете ТУКА.


Известување за спроведена акција за чистење

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 12 Октомври 2014

Сподели

ИЗВЕСТУВАЊЕ 

од спроведената акција за чистење и развивање на свеста околу отпадот „Македонија без отпад 2014“, одржана на ден 18.10.2014 година

Комплетното известување можете да го погледнете ТУКА.

Слики од акцијата можете да погледнете на „Повеќе“.

Повеќе...

Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Посетители

Денес17
Вчера84
Седмица101
Месец2445
Вкупно98358

од 4.11.2010 год.