gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Девич

Девина кула

Mожност да се доживеат легендите за Крали Марко.

Езеро Козјак

Езеро Козјак

Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри.

Пештерата Пешна

Пешна

Пешна се смета за една од пештерите со најголеми отвори на Балканот.

Асфалтирање на крак од ул.„Маршал Тито“

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 18 Септември 2014

Сподели

alt

Деновиве во Општина Македонски Брод се започна со асфалтирање на улици.

Се асфалтираат следните улици:

- ул.„Маршал Тито“, односно дел кон градскиот стадион, градскиот базен и индуструската зона

- ул.„Илинденска“, крак 1

- ул.„Мирче Ацев“, крак 3

- ул.„Иво Лола Рибар“

- ул.„Пере Тошев“,

- дел од улица „Партизанска“ и завршување на улица „Даме Груев“.

Средствата за асфалтирање на овие улици се обезбедени од Буџетот на Општина Македонски Брод.

Изведувач на активностите е ДООЕЛ „ПЕЛА ТРАНС“ од Прилеп.

Слики можете да погледнете на „Повеќе“.

Повеќе...

Известување во врска со Објава бр.14 за отуѓување на градежно земјиште

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 18 Септември 2014

Сподели

По објавата бр.14 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско наддавање во Општина Македонски Брод во викенд населбата с.Близанско покрај езерото Козјак продадени се 21 локација за викенд куќи и една локација за големи угостителски единици.



Јавен повик

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 19 Мај 2014

Сподели

П О В И К 

Од Градоначалникот на Општина Македонски Брод во соработка со Црвениот крст на Република Македонија - Општинска организација на Црвен крст Македонски Брод.

Се повикуваат компаниите и хуманите граѓани од Општина Македонски Брод да се вклучат во апелот за помош на настраданото население од природната катастрофа која ги зафати териториите на Србија и Босна и Херцеговина.

Хуманата акција започнува од 19.05.2014 година и ќе трае до 31.05.2014 година, од 08:30 до 16:30 часот.

Согласно потребите на настраданото население, потребна е помош во: конзервирана храна, минерална вода за пиење, бебешка храна, ќебиња, нови облеки и обувки и средства за хигиена, може да се донира и парична помош и тоа:

1. Парична помош преку уплата на жиро сметка фонд на солидарност 300000001327966 даночен број 4030984271620 Комерцијална Банка.

2. Донација на 100 денари со повик на телефон 075, 070, 077, 143-400.

Донираната помош да се доставува на собирната локација во зградата на локалната самоуправа во Општина Македонски Брод.

Контакт лица - координатори на акцијата

1. Ѓуро Србиноски 070 806-046

2. Милена Костеска 078 274-404

3. Игор Ристески 077 622-213

4. Милка Стаменкоска 078 253-372

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВАШАТА ХУМАНОСТ.

ОО на Ц.К. М.Брод                            Општина Македонски Брод

             Секретар,                                             Градоначалник,

         Ѓуро Србиноски                                       Милосим Војнески

Известување

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 19 Мај 2014

Сподели

На ден 21.05.2014 година (среда), во спортската сала „Македонија“, во ООУ „Св.Климент Охридски“, со почеток во 19:00 часот, граѓаните на Општина Македонски Брод ќе можат да уживаат во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот за почести кои ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“, како и во едночасовен концерт на Воениот оркестар на АРМ.

Преку овие активности, односно со концертот на Воениот оркестар придружуван од припадниците на баталјонот за почести, Општина Македонски Брод е вклучена во реализацијата на проектот „АРМ поблиску до граѓаните и јакнење на воено-цивилната соработка“.

Соопштение за јавна анкета за населено место Долно Ижиште

PDFПечатиЕ-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 10 Април 2014

Сподели
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 51/05,137/07, 91/09,124/10,18/11 ,53/11,144/12 , 55/13 , 163/13 и 42/14), Градоначалникот на општина Македонски Брод,го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна анкета и јавна презентација по
Нацрт- Урбанистички план вон населено место Долно Ижиште
-склад за нафтени деривати
Комплетното соопшение можете да го погледнете ТУКА.

Јазик Language

Македонски

Веб врски





























Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Посетители

Денес61
Вчера86
Седмица540
Месец2229
Вкупно98142

од 4.11.2010 год.