gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Посета на Министерот за локална самоуправа

PDF Печати Е-пошта

Напишано од scytalemk

Испратено на 24 Април 2017

Сподели
- На оваа средба се обидовме на министерот Мемети да му објасниме како може успешно да функционира една мала општина која што влезе во втората фаза на децентрализација, истакна Војнески, додавајќи дека имал можност да го презентира и податокот дека во општината за кратко време се отворени 200 нови работни места.
 Градоначалникот Војнески, меѓу другото побарал од министерот Мемети да се заложи за отворање на патот кон Скопје, за што деновиве добил поддршка, а во тек е и тендер за изведувач на работите на делницата долга шест километри што минува низ ловиштето Јасен.
 Македонски Брод е една од помалите општини во земјава во која наскоро ќе почне да работи и приватен факултет за екологија и туризам, со што ќе се овозможи младите луѓе своето високо образование да го дооформуваат во родниот крај.


 Министерот за локална самоуправа ја поддржа општината во нејзините напори да се развива во секој поглед и вети дека Владата и нејзините институции ќе бидат отворени за поддршка на локалните иницијативи.
 
 Министерот Мемети беше и во Самоков, каде што е во тек адаптацијата на поранешната општинска зграда што ќе има функција на подрачна канцеларија на општина Македонски Брод. На овој начин на граѓаните од поранешната општина Самоков значително ќе им се олесни комуникацијата со општинската администрицација во  постојната општина Македонски Брод, кон која се припои Самоков.

Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Април 2017
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Посетители

Денес37
Вчера80
Седмица37
Месец1731
Вкупно95479

од 4.11.2010 год.