gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

PDF Печати Е-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 21 Септември 2017

Сподели

alt

 Почитувани сограѓани,

Последните денови од годината што одминува секогаш даваат можност за ретроспектива на она што сме сработиле, постигнале и исполниле во нашиот заеднички дом - Општина Македонски Брод.

Привилегија беше, но и голем предизвик да се раководи со Општина Македонски Брод во изминатава година како и претходните, наспроти сите економски потешкотии во земјава и надвор од неа.

Македонски Брод е изменет како во поглед на урбаниот лик така и во квалитетот на понудените услуги. На граѓаните им се понудени услуги со цел полесно да ги задоволат своите барања кои се во надлежност на општината, а тоа значи дека како Градоначалник, како општинска администрација и како Совет на општина, не само што сме излегле во пресрет на нивните потреби туку и сме отишле чекот понапред, било да се работи за процесот на продажба на градежно земјиште или за решавање на комунално-патните инфраструктурни проблеми.

Во 2014 година со повеќе активности настојувавме да ја зачуваме и унапредиме животната средина, да обезбедиме урбанизација на просторот и на заинтересираните инвеститори им понудивме поволни услови и градежни парцели, а ја продолживме и континуираната соработка со бизнис заедницата и невладиниот сектор.

Овој момент е можност и да фрлиме поглед напред, исполнет со надеж и очекувања дека во наредната 2015 година ќе продолжиме да чекориме по патот кон една побогата, просперитетна и среќна општина Македонски Брод.

Претстојните Новогодишни и Божиќни празници се убава можност да бидеме со нашите сакани, да поразговараме за она што го оставаме зад нас и да го прославиме доаѓањето на Новата 2015 година со многу надеж и ентузијазам.

Со желби за многу здравје, мир, љубов, толеранција, соработка и разбирање Ви посакувам СРЕЌНА НОВА 2015 ГОДИНА


                                                              Срдечно Ваш,

                                                             Градоначалник,

                                                           Милосим Војнески






Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Посетители

Денес4
Вчера58
Седмица232
Месец1763
Вкупно107604

од 4.11.2010 год.