gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Велигденска честитка

PDF Печати Е-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 15 Октомври 2018

Сподели

alt

Почитувани граѓани,

Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, кој со својата неповторливост повеќе од две илјади години е темел на христијанството во светот, дозволете ми на сите христијани, да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во својот дом и во сечие срце. Возвишен е овој ден зошто е празник на животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта. За да го доживееме и ние воскресението Христово, потребно ни е да се вплотиме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела. Само доколку нашиот живот го красат такви добродетели тогаш сме ја разбрале смислата на нашето постоење. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов. 

Нека ни е честит Великиот ден - Воскресението Христово и нека Господ не дари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Нека е за многу години големиот празник! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!

                                                                       Градоначалник,

                                                                    Милосим Војнески

Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Октомври 2018
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31 1 2 3 4

Посетители

Денес57
Вчера78
Седмица57
Месец779
Вкупно137021

од 4.11.2010 год.