gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Уредување на споменикот на природата Белешничка река за развој на еко туризмот

PDF Печати Е-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 21 Септември 2017

Сподели

alt

Во општина Македонски Брод во тек е реализација на проектот „Уредување на споменикот на природата Белешничка река за развој на еко туризмот“.

Општина Македонски Брод со овој проект аплицираше по јавен повик за прибирање на предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби до Бирото за регионален развој на РМ, по што овој проект беше избран за финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Вкупниот фонд за реализација на проектот изнесува 1.984.760 денари од кои 90% се учество на Бирото за регионален развој, а 10% се од Буџетот на Општина Македонски Брод.

Со реализација на проектот се опфаќа изработка и поставување информативни табли за геодиверзитетот и биодиверзитетот, уредување и означување на пешачки патеки, изработка на лифлет со вцртани граници и пешачки патеки и лифлет за габи, со што ќе се создадат услови за унапредување на природните вредности на заштитеното подрачје околу Белешничка река, рурален развој на подрачјето во делот на туризмот, промоција на локалните рурални природни убавини како и развивање на знаења и вештини за локални туристички водичи кои ќе бидат во функција на исполнување на потребите за атракција и уникатно доживување на туристите.

Со оглед дека од подрачјето егзистираат поголем број на собирачи на диви видови на растенија во склоп на проектот ќе се организира и една работилница чија цел е подигање на јавната свест и едукација на локалното население од регионот каде интензивно се собираат печурки. На истата ќе бидат претставени најзначајните комерцијални видови на габи. методите и техниките по кои тие се препознаваат и се разликуваат од отровните видови, како и начинот на правилно собирање со цел нивно одржливо користење. Имајќи предвид дека се работи за видови кои можат да се сретнат на откупните пунктови, кампањата ќе биде насочена и кон правните и физичките лица вклучени во прометот со печурки.

Реализацијата на овој проект се планира да заврши во месец Ноември оваа година.

alt

Белица

Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Посетители

Денес19
Вчера58
Седмица247
Месец1778
Вкупно107619

од 4.11.2010 год.