gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Реализација на три инфраструктурни проекти

PDF Печати Е-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 23 Септември 2017

Сподели

alt

Општина Македонски Брод на 17.08.2015 година во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РМ ги потпиша времените решенија за реализација на три инфраструктурни проекти вредни над 625.000 евра, за кои се обезбедени средства по Програмата за рурален развој за 2015 година.

Наскоро треба да се отпочне со реализација на проектот „Изградба на локалниот пат Р104 до село Могилец“ кој е финансиран по 321 мерката од оваа програма и е инвестиција вредна 15.594.410 денари.

Потоа следува проектот „Изградба на улици во населба „Сувенир“ с.Самоков“ по мерка 322 од програмата и вреди 7.875.804 денари и третиот проект е „Уредување на излетничко место - локалитет Пешна“ проект по мерка 323 од програмата вреден 14.979.680 денари.

По добивањето на овие времени решенија, општината треба да спроведе тендерски постапки, односно јавни набавки и да склучи договори со избраните економски оператори за реализација на проектите со кои заедно треба да се обратат до Агенцијата и да склучат договори за финансиската поддршка.

Реализацијата на овие проекти овозможува подобрување на условите за побрз економски развој, како и развој на туризмот, кој е еден од приоритетите за севкупниот напредок на Општина Македонски Брод.

Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Септември 2017
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Посетители

Денес15
Вчера75
Седмица375
Месец1906
Вкупно107747

од 4.11.2010 год.