gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Покана за учество во Програмата „Форуми во заедницата“

PDF Печати Е-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 23 Октомври 2017

Сподели

П О К А Н А

Општина Македонски Брод преку Програмата „Форуми во заедницата“ има чест и задоволство да ги покани граѓаните на Општина Македонски Брод и медиумите на Првата форумска сесија од буџетскиот форум која ќе се одржи на ден 30.09.2015 година во ООУ „Св.Климент Охридски“ со почеток во 14:30 часот.

Една од главните карактеристики на буџетскиот форум е тоа што темата на Форумот е однапред дефинирана - подготовка на општинскиот буџет за наредната година.

Преку Програмата „Форуми во заедницата“, жителите на Општина Македонски Брод одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница. Општина Македонски Брод со Единицата за координација на форумите (ЕКФ) и Швајцарската агенција за развој и соработка воспостави формална соработка со цел поддршка на партиципативен, транспарентен и отчетен развој на општината.

Швајцарската агенција за развој и соработка преку ЕКФ и додели на општината средства во износ од 825.000 МКД за реализација на буџетскиот форум во општината.

Средствата ќе се користат за спроведување на петте сесии наменети за транспарентно и партиципативно креирање на буџетот на општината заедно со граѓаните и спроведување на последователната шеста форумска сесија за отчет пред граѓаните.

На форумот ќе учествуваат граѓаните, НВО (невладини организации), претставници на бизнис секторот како и претставници на локалната самоуправа.

Целта на Програмата „Форуми во заедницата“ е да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа програма претставуа платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Вкупно 10 општини што ќе ги спроведуваат буџетските форуми во периодот 2015/2016 се избрани во рамки на програмата „Форуми во заедницата“. 

Општините: Кривогаштани, Росоман, Македонски Брод, Врапчиште, Демир Капија, Василево, Конче, Пробиштип, Карбинци и Делчево се 10-те општини коишто заедно со граѓаните ќе го креираат општинскиот буџет за наредната 2016 година.

Учествувајте во донесувањето на одлуки! 30.09.2015 година, ООУ „Св.Климент Охридски“ во 14:30 часот.

Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Октомври 2017
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Посетители

Денес14
Вчера91
Седмица14
Месец1844
Вкупно110218

од 4.11.2010 год.