gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

PDF Печати Е-пошта

Напишано од Општина

Испратено на 23 Ноември 2017

Сподели

Повик за новогодишно украсување на дворовите во пресрет на новата 2016 година

Општина Македонски Брод ги повикува граѓаните на Македонски Брод, да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Новата година и Божиќ.

Оваа година ќе биде направен избор на три најубави новогодишни декорации на индивидуални  објекти,  при што градоначалникот Милосим Војнески на избраните ќе им додели парични награди во висина од 100 евра во денарска противредност.

Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации  на телефонот 274-810 или директно во Одделението за локален економски развој.

Од страна на градоначалникот ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава ќе бидат украсени, по што ќе се донесе одлука кои од нив ќе бидат избрани за најубави декорации.

Имињата на добитниците ќе бидат објавени на интернет страниците на Општина Македонски Брод.

Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 30 Декември 2015 година.

За доделувањето на наградите  ќе следи известување на општинските интернет страници.


    Општина Македонски Брод

                                                     Градоначалник

                                                  Милосим Војнески

                                                                                                

                                                                                        

Сподели

Најново видео

   
Снимка од пуштањето во употреба на мост во близина на село Могилец.

Facebook Фан страна

Календар на настани

Ноември 2017
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Посетители

Денес47
Вчера81
Седмица275
Месец2059
Вкупно113070

од 4.11.2010 год.