Денес, по повод “7ми Септември” – Денот на ослободувањето на Општина Македонски Брод, пригодно беше одбележан овој ден.
Најпрво, беше одржана свечена седница на Советот на општината. Потоа првачињата од ООУ ” Св. Климент Охридски” дојдоа да го честитаат овој ден на Градоначалникот и Советот на општината.
Одбележувањето продолжи со полагање на свежо цвеќе на споменикот на градското Кале, од страна на Советот и Градоначалникот.
Пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк беше одржан историски час и положување на свежо цвеќе од повеќе делегации.
Со пригодна свечена академија која се одржа во Домот на култура, продолжи овој настан, за на крај да заврши со ликовна изложба и пригоден коктел.
Оваа година, пригодни плакети за заслуга во повеќе области, беа доделени на:
Д-р. Дамир Тепшиќ, рурален доктор,
Проф. Рате Савев, пензиониран професор и поет, екологист,
ТППЕдиница за посебното залагање за заштитата од пожари и
КУД “7ми Септември”, за културна промоција и негување на традиционалните вредности.