Денес градоначалникот на Општина Македонски Брод Жарко Ристески имаше работна средба со Заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димоски и директорот на ЈП Јасен Ангеле Сотировски.
На самата средба се разговараше за штетите кои се настанати од пожарите кои ни претходеа во изминатиот период, и се донесоа соодветни заклучоци за превенција и зголемување на капацитетите за справување со елементарни непогоди.