Козјак е најголемо вештачко езеро во Европа, долго 32 километри, некаде е длабоко и 135 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнасува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од околу 470 метри и е богато со рибен фонд. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Браната која има висина од 126.1 м и со која е пресечено течението на реката Треска, е почната со изградба во 1994 год., а завршена е и пуштена во употреба во 2004 год. Се наоѓа на околу 25 км. низводно од вливот на реката Треска во реката Вардар.
Водата од акумулацијата се користи првенствено за хидроенергетски цели, но претставува и регулирана вода за низводните хидроцентрали како и вода за наводнување на Скопско Поле. Според атракцијата и функционалноста на езерото, неспоредлива е изградбата на таканаречениот воден лифт, таму каде што етапно ќе се регулира водостојот на водата во езерото. Оваа огромна инка за зауздување на водите во најголемите дождовни периоди е втора по функција во светот, бидејќи ја градеа истите кинески експерти што ја граделе и проектирале најголемата светска брана на Жолтата Река во Кина.
Светскиот ланец на хотели “Хилтон” сакаат да изградат хотел на бреговите на вештачкото езеро Козјак. Исто така има многу домашни и странски компании кои се заинтересирани за изградба на хотели на ова езеро. Најмногу ги привлекува чистата еколошка средина, близината на главниот град Скопје, атрактивната локација поради убавините на езерото, каде моментално се градат цели елитни населби со приватни плажи. Тука имаат куќи многу наши политичари, бизнисмени и луѓе од јавниот живот, а веќе е развиен и такси превозот со чамци и глисери по езерото. На тој начин се развива и езерскиот туризам, место каде со изградбата на новите објекти, повеќе семејства ќе можат да најдат вработување. Покрај езерото ќе се гради и регионален пат Брод-Скопје кој ќе поминува низ националниот резерват Јасен.