ДОО RUDPROING – MUSTAKAS е компанија во приватна сопственост, со 50% странски капитал која успешно се развива и постои 25 години.
Преку континуиран и динамичен развој, минувајќи низ сите етапи на развој израсна во водечко претпријатие за производство и преработка на неметални минерални суровини.
Компанијата се занимава со следниве дејности:
Рударство
Фабрика за микронизација
Градежништво
Вo рударството Компанијата располага со сепарација и три свои руднци и тоа:
Рудник ,,БАБИНДОЛ,, М. Брод за експлоатација на Доломит
Рудник ,,РАМНЕ,, М.Брод за експлоатација на Калцитски мермер
Рудник ,,ЦРН КАМЕН,, М. Брод за експлоатација на Црн Мермер.
Во областа на рударство се врши: бушење, минирање, утовар и транспорт во сопствените рудници, како и бушење и минирање за трети лица.
Во Фабриката за микронизација се врши микронизирање на карбнати со нова современа опрема
за потребите на компанијата како и за потребите во градежната индустрија кај нас и на Балканот.
Во областа на Градежништвото со сопствена механизација изведуваме градежни објекти во нискоградба и од истата област вршиме услуги и за трети лица.
Сите погоре наведени активности укажуваат на фактот дека RUDPROING – MUSTAKAS успешно ги извршува поставените задачи од сите области, пред се поради добриот менаџмент и искусен стручен кадар како и квалитетната опрема со која располага.