Градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, денес, пригодно и со посебна благодарност, го испрати Тимот од Бригадата на територијалната протипожарна заштита специјализирани за управување со катастрофи од Унгарија.
Тимот во текот на изминатите денови даде несебична помош и особен придонес со свои ресурси како човечки, така и технички, во справувањето со кризата настаната од пожарите кои владееја на територијата на нашата општина.
Општина Македонски Брод силно се заблагодарува на Унгарската влада за укажаната помош во најтешките денови на кризата настаната со пожарите.