Надлежности

Надлежности

Надлежности на градоначалникот

1.Ја претставува и застапува општината;

2.Ја контролира законитоста на прописите на советот;

3.Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;

4.Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;

 5.Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;

6.Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;

7.Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;

8.Го извршува буџетот на општината;

9.Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;

10.Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;

11.Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;

12.Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

13.Раководи со општинската администрација;

14.Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;

15.Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и

16.Врши други работи утврдени со закон и со статутот.


Print   Email