Историјат на општината

Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани. Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.

Во околината на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девини Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.

Во градот Македонски Брод и неговата околина биле изградени и голем број цркви, меѓу кои и градската црква Св. Богородица, Св. Димитрија во с. Требино, Св. Никола во с. Пласница, и др.


Print   Email