Местоположба

Македонски Брод (брод - прегазлив дел од река) е гратче во западниот дел на Република Македонија. Тој се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Поречје. Од Кичево е оддалечен 27 km во источен правец, а во северо-западен правец на 37 km е оддалечен од Прилеп. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје бидејќи со изградбата на браната Козјак беше уништен дел од директниот патен правец, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 km одејќи преку КичевоГостивар и Тетово.
 
Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.
На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.

Print   Email