Шумарство

Шумарството во Бродскиот регион е една од најзначајните и доста перспективните стопански гранки. Тоа произлегува од фактот што во регионот 50% и повеќе е под шума и е најбогат регион со шуми во Република Македонија.

Македонски Брод може да се пофали со голем број на планини и врвови како што се “Бушова планина, Песјак, Солунска Глава, Боро поле, Добра Вода” и др.
Надморската височина се движи од 620-2.100 м. Тие се испресечени со реки, потоци и долови кои почесто се плитки а поретко се длабоки. Бреговите се благо наклонети, умерено стрмни (во најголем дел), стрмни и многу стрмни (во најмал дел). Наклонот во поголемиот дел се движи околу 11-20 степени. Шумите се претежно проодни и погодни за изградба на патишта.

За шумарството во општината се грижи Македонски шуми подружница “Сандански”-Македонски Брод.


Print   Email