Повик за предлог-проекти

Програмата за директна помош (ДАП) при Австралиската Амбасада во Белград е отворена за доставување на предлог-проекти од три земји: Србија, Република Македонија и Црна Гора. Програмата е достапна за невладини организации, граѓански организации, како и организации кои бараат средства за спроведување на активности/проекти, кои ги опфаќаат следните приоритети:

- Промовирање на човековите права, слобода на изразување и добро владеење

- Промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените како двигател на економскиот раст и

- Поттикнување на инклузивноста на лицата со посебни потреби.

Повеќе информации во врска со повикот можете да погледнете ТУКА.

Print