Заклучоци на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод

          1. Се повикуваат сите економски оператори и маркети на територија на Општина Македонски Брод кои се регистрирани на online продажба, дека ќе може да вршат достава само на најнеопходните намирници за итни и неодложни потреби за време на полицискиот час, во деновите сабота и недела. Истите задолжително мора да испратат барање до Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до петок до 12:00 часот.

          Сепак, препорака на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод е граѓаните да ги завршат набавките до петок, пред полицискиот час.

          2. Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод ги известува земјоделците за новата забрана за движење што ја донесе Владата, а која што стапи на сила од среда (08.04.2020 година). Земјоделците од Општина Македонски Брод што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

          Земјоделците пак чиишто замјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во коешто живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

          Сите заклучоци можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

           Пријавата за online работа и достава на продукти можете да ја превземете ТУКА.


Print   Email