Известување од Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување

          Врз основа на т.3 од Извадокот од Нацрт-Записникот од Дваесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 13 Април 2020 година, Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување на Oпштина Македонски Брод, на седницата одржана на ден 15.04.2020 година го донесе следниот заклучок:

          Во рамките на мерките и активностите за превенција на опасноста од појава и спречување на ширење на Коронавирусот, Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување во соработка со Министерството за внатрешни работи - ОВР Македонски Брод, а во врска со престојните Велигденски празници, ги известува маркетите, пиљарите, филијалите на банките и поштата, таму каде што нема обезбедено, веднаш, да обезбедат и организираат редарска служба, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија и Главниот координативен кризен штаб.

          Министерството за внатрешни работи - ОВР Македонски Брод ќе ги интензивира контролите на овие места.

 

                       Општински координативен штаб за заштита и спасување

                                                 Живко Силјаноски с.р.


Print   Email