Посета на вакцинален пункт

         Градоначалникот на Општина Македонски Брод Г-дин Живко Силјаноски и директорот на Здравствениот дом Жарко Симески денес (31.05.2021 година) го посетија вакциналниот пункт во ЈЗО Здравстен дом Македонски Брод.

         При посетата на пунктот Д-р Силвана Стефаноска информираше дека процесот на вакцинација се одвива добро.

         Вакцинацијата се врши со кинеската вакцина СИНОФАРМ.

         Д-р Силвана Стефаноска посочи дека интересот за вакцинација кај жителите од Македонски Брод е задоволителен.

         Градоначалникот и директорот на Здравствениот дом во оваа прилика упатуваат апел до сите граѓани од Општина Македонски Брод кои не се вакцинирани, да пристапат кон вакцинација со цел да го заштитат своето здравје и здравјето на своите најблиски и сите граѓани од корона вирусот САРС - КОВ 19 со цел да се стави крај на Ковид пандемијата.


Print   Email