Известување од ЈП за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „ЈАСЕН“ - Скопје

         Почитувани,

          Поради високите температури кои се најавуваат во летниот период, зголемен е ризикот за појава на шумски пожари, кои претставуваат огромен атак на шумскиот фонд со кој стопанисува ЈПУЗПП „ЈАСЕН“ - Скопје.

          И покрај сите апели и предупредувања, оваа немила појава продолжува.

         Поради тоа, а врз основа на член 57, став 3 од Законот за шумите, Ве известуваме дека ЈПУЗПП „ЈАСЕН“ - Скопје воведува делумна забрана за движење во шума, шумско земјиште и отворен простор во границите на заштитената територија по претходна добиена согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.49-6406/2 од 21.07.2021 година. 

        Комплетното известување можете да го погледнете ТУКА.


Print   Email