Систематизација

Систематизација

Врз основа на член 57 став (4) од Законот на локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02), член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14 и 199/14) и член 21 став (1) точка 26 од Статутот на општина Македонски Брод („Службен Гласник“  бр. 02/03), Советот на општина Македонски Брод, на седницата одржана на ден 11.12.2015 година донесе

 

О Д Л У КА

За организацијата, делокругот и начинот на извршување на работните задачи на општинската администрација на Општина Македонски Брод

I.Основни одредби   

Член  1

Со оваа Одлука  се утврдува внатрешната организација на Општина Македонски Брод ( во натамошниот текст: оштината), видот и бројот на организационите единици и нивниот делокруг на работа, начините и формите на раководење,  како и графички приказ (органограм) на внатрешната организација на општината..

Член  2

Внатрешната организација во општината се заснова на начелата на:

-           Законитост, стручност, ефикасност и економичност во вршењето на работите и задачите;

-           Транспарентност, одговорност, професионалност, ажурност;

-           Постапување со внимание на добар домаќин;

-           Одговорност и насоченост кон корисниците на услугите на општината;

-           Независност и одговорност при вршењето на службените задачи;

-           Еднообразност и хиерархиска поставеност на организациксите единици;

-           Делегирање на овластувања и

-           Меѓусекторска координација.

 

 

II.ВИД И БРОЈ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕДИНИЦИ

Член  3

Внатрешната организација на општинската администрација на општината се утврдува во зависност од надлежностите на општината утврдени со закон , групирање на работите и работните задачи според видот  , обемот и сложеноста , нивната меѓусебна сродност и поврзаност , како и другите услови потребни за утврдување на внатрешната организација.

Општинската администрација на општина Мак. Брод се организира во сектори, одделенија и територијална противпожарна единица.

 

Член  4

Секторот се формира заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја  од надлежност на општината, како и заради координирање и контрола на работите од надлежност на одделенијата во неговиот состав и следење и унапредување на меѓусебната соработка на одделенијата.

 

Член  5

Одделение се формира заради извршување на една од следните работи : нормативно- правни , управување на човечки ресурси , стручно аналитички , управни , управно надзорни , информативно - документациони , информативно комуникациски , стручно - оперативни , материјално - финансиски , инвестициони , информатичко - технолошки , стручно - административни , како и други работи што се извршуваат во органите на општината.

Член  6

Општинската администрација на општината Македонски Брод се организира во следните сектори, одделенија и ТППЕ:

  1. Сектор за правни, општи работи, јавни дејности, администрирање на приходи и финансиски прашања во чиј состав се:

1.1. Одделение за правни, општи работи и јавни дејности 

1.2. Одделение за администрирање на приходи

1.3. Одделение за финансиски прашања

2 . Сектор за комунални дејности, локален економски развој, урбанизам и заштитата на животна средина во чиј состав се:

  • Oдделение за комунални дејности
  • Oделението за локален економски развој
  • Oдделение за урбанизам
  • Oдделение за заштита на животната средина.

3 . Одделение за инспекциски надзор

4 . Одделение за управување со човечки ресурси

  1. Одделение за внатрешна ревизија
  2. 6. Територијална противпожарна единица на општината.

 

 

III. ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ЕДИНИЦИ

Член  7

Секторот за правни, општи работи, јавни дејности, администрирање на приходи и финансиски прашања ги врши следните работи:

  • подготвува акти за советот и градоначалникот,
  • ги подготвува седниците на советот и седниците на комисиите,
  • врши стручни работи за советот и градоначалникот,
  • ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување односно предавање на државниот архив на РМ,
  • врши работи од областа на јавните дејности,
  • врши утврдување и наплата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината,
  • врши информатичко - технички работи,
  • врши и други работи доверени од советот и градоначалникот,
  • врши финансиско управување,
  • го подготвува буџетот на општината и ја следи неговата реализација,
  • врши наплата на обврски и побарувања,
  • припрема завршна сметка на општината.

 

 

Член  8

Одделението за правни, општи работи и јавни дејности ги врши работите што се однесуваат на:

  • изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност од советот и градоначалникот,
  • дава мислење на актите од аспект на нивната законитост,
  • ги следи прописите и нивните измени и дополнувања,
  • врши стручни и организациони работи на советот и градоначалникот,
  • ракува со документи на општината,
  • врши работи од областа на јавните дејности,
  • врши информатичко - технички работи,
  • и други работи што ќе му бидат доверени од советот и градоначалникот на општината.

Член 9

Одделението за администрирање на приходи ги врши работите што се однесуваат на :

  • утврдување и наплата на даноците , таксите и надоместоците  што се приходи на општината ,
  • врши пресметка и наплата на данок на промет на недвижен имот,
  • врши и други работи врз основа на Закон и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на општината.

Член 10

Oddelenieto za finansiski praшawa ги врши работите што се однесуваат на :

  • nadle`no е za vrшewe na rabotite od oblasta na finansiskoto upravuvawe i kontrola,
  • подготвување на буџетот и завршната сметка како и други акти од областа на финансирање ,
  • води евиденција за имотот на општината , поднесува извештаи за состојбите на сметките на општината , работи на материјално- финансиските работи , osobeno na kontrola na buxetot(podgotovkata i izvrшuvaweto),smetkovodstvoto i buxetskoto i finansisko izvestuvawe,
  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување,
  • го координира процесот за подготвување и известување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот,
  • спроведува заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба, благајничко работење, пресметување и исплата на плата на вработените во општинската администрација,
  • примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки, изготвување годишен план за јавна набавка и негова реализација и врши и други работи.

 

 

Член 11

   Секторот за комунални дејности, локален економски развој, урбанизам и заштита на животната средина ги врши следните работи :

  • ги спроведува прописите од областа на угостителството , туризмот ,занаетчиство и мало стопанство и се грижи за организирање на амбиентот за развој  на стопанството и превзема мерки за привлекување на инвестиции од домашни и странски инвеститори,
  • планирање на локалниот економски развој и утврдување на развојните и структурните приоритети,
  • снабдувањето со вода за пиење;одведувањето и пречистувањето на отпадните води;

            водење грижа за јавното осветлување,

-           одржувањето на јавна чистота; собирање,транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад,

-           одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги,

-           изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти,                  

-     регулирање на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација,

-     изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; отстранувањето на непрописно паркираните возила,

-           отстранување на хаварисаните возила од јавните површини,

-           изградбата и одржувањето на пазарите,

-           чистењето на оџаците,

-           одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк- шумите и  рекреативнитеповршини,

-           регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови,

-           определувањето на имиња на улици плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти,

-        урбанистичко (урбано- рурално) планирање, издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење, утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште,

-           заштита на животната средина и природата, мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, цивилна и друг вид на заштита,

-    изработување на предлог програма за располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ кое се наоѓа на подрачјето на Општина Макредонски Брод,

-          спроведување на постапките за отуѓување на градежното земјиште,

-          водење на регистар за градежно земјиште.

                                                                                                        

 

Член 12

Одделението за комунални дејности ги врши работите што се однесуваат на:

  • следење на состојбите и организирање на изградба,
  • реконструкција и одржување на фонтаните и другата комунална опрема оставена на улиците и другите јавни површини,
  • се грижи за одржување на јавна чистота,припрема мерки, активности и планови за справување со кризи.

Член 13

Одделението за локален економски развој ги врши  работите што се однесуваат на:

-         спроведување на прописите  од областа на угостителството  туризмот , занаетчиство и мало стопанство,

-           планирање на локалниот економски развој на општината,

-           предлагање и утврдување на развојните и структурните приоритети на Општината,

-           подготвување програми и предлагање мерки за поддршка на малите и средните претпријатија, занаетчиството и претприемаштвото на локално ниво,

-           воспоставување и развивање на  мрежата на институции и агенции за промовирање на партнерството,

-           врши и други работи што ќе му бидат доверени .

 

Член 14

Одделението за урбанизам  ги врши работите што се однесуваат на :

  • просторно и урбанистичко планирање во општината и покренување на иницијативи и предлози за донесување или изменување на ДУП,
  • издавање на одобренија за градби,уредување на градежно земјиште,
  • изготвува програми за уредување на градежното земјиште и програма за изградба, реконструкција и одржување на комунални објекти, локални патишта и улици,
  • спроведување на постапките за отуѓување на градежно земјиште , долготраен закуп,краткотраен закуп, концесија и трајно користење,
  • изготвување на предлог Решенија за востановување на стварни права врз градежно земјиште.

 

 

Член 15

                  Одделението за заштита на животната средина ги врши работите што се однесуваат на :

  • заштитата и унапредувањето на животната средина и природата ,
  • прием на барања и елаборати за заштита на животната средина, како и водење на регистер на одобрени елаборати,
  • изработка на програми за заштита на животната средина како и мерки и активности за превземање од страна на советот на општината и Градоначалникот,
  • уредување на јавното зеленило,
  • сервисирање и одржување на јавното осветлување.

 

Член 16

          Одделението за инспекциски ги врши следните работи:

  • врши инспекциски надзор над спроведување на законот за градење,
  • врши инспекциски надзор во основното и средно образование, спорт и спортски објекти сопственост на општаната,
  • врши инспекциски надзор во заштитата на животната средина и природата,
  • врши инспекциски надзор во областа на комуналните работи ,
  • врши инспекциски надзор во областа на патниот сообраќај и друг надзор од надлежност на општината,
  • врши инспекциски надзор над спроведување на деталниот урбанистички план .

Член 17

Oddelenieto za upravuvawe so ~ove~ki resursi ги врши работите што се однесуваат на:

 

  • координација и спроведување на  надлежностите од         областа на вработувањето и мобилноста,
  • спроведување на оценувањето, стручното оспособување и усовршување, мотивацијата и одржување и подобрување на меѓучовечките односи и информативниот систем за човечките ресурси,
  • ја организира и насочува работата при изработка на правилниците за внатрешна организација и систематизација на работните места,
  • управување со човечки ресурси и остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на државната служба,
  • предлага и развива политики и стратешки документи за управување со човечките ресурси.

Член 18

 

Одделението за внатрешна ревизија ги врши работите што се однесуваат на:

 

-           врши внатрешна ревизија согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставено од општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната  ревизија прифатени од Министерството за финансии,

-           поготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од Градоначалникот,го обезбедува неговото спроведување и следење,

-           доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и советот на општината ,

-           подготвува кварталнии годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;

-           врши  оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот за намалување на факторите на ризик,

-           врз основа на анализи од работењето ,ја утврдува и оценува економичноста ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација,

-           ја следи и приверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи,

-           ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со Законите подзаконските и актите на органите на општината.

Член 19

Територијалната противпожарна единица на општината ги врши следните работи:

-           гаснење на пожари на подрачјето на општината

-           одстранување на непосредната опасност за настанување на пожари

-           спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозерни од пожари и експлозии;

-           укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации;

-           извршување на други работи при несреќи и непогоди;

-           врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа кои не го оневозмижуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;

-           заедно со територијалните противпожарни единици на општините во република Македонија утврдени со Закон,дејствуваат како противпожарни единици на РМ заради оперативно делување при гаснењето на големи пожари на целата територија на РМ;

-           водење посебна евиденција за настанатите пожари ,експлозии,интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на дирекцијата за заштита и спасување и општина Македонски Брод;

-           периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага територијалната противпожарна единица;

-           тековна поправка и оджување на механиката ;

-           давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации во координација со Минисерството за внатрешни работи;

-           врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;

-           едукација на грѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања преку медиуми и организирање на дуги активности;

-           врши и други работи кои ќе и бидат доверени.

Член 20

                 Општинската администрација врши и работи делегирани од органите на државната управа во согласност со Законот.

  1. IV. НАЧИН И ФОРМА НА РАКОВОДЕЊЕ СО ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТА

Член 21

Со секторите раководат раководители на сектори.

Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на сектор,со секторот раководи раководител на одделение определен од раководителот на Сектор  .

Со одделението раководи раководител на одделение.

Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на одделение , со одделението раководи стручен државен службеник со највисоко звање во одделението кој ке го определи раководителот на одделение.

Член 22

            Со општинската администрација раководи секретарот на општината.

Член 23

            Вкупниот број вработени и распоредот по звања и работни места го утврдува Градоначалникот на општината со правилникот за систематизација на работни места на општинската администрација.          

 

V.Преодни и завршни одредби

 

Член 24

            Составен дел на оваа Одлука е графичкиот приказ – органограм на организациската структура по организациски единици на администрацијата на Општина Македонски Брод, даден во прилог.

                                                           Член 25

Оваа Одлука можи да се измени и дополни на начин и постапка како и при нејзино донесување.

Член 26

Со денот на влегување во сила на оваа одлука престанува да важи одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Македонски Брод број 07-562/4 од 30.07.2014 година.

Член 27

            Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во Службен гласник на општината, а ќе се применува по добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

Бр. 18 – 954/3                                                                         Совет на општина Мак.Брод

11.12. 2015 год.                                                                                  Претседател

                                                                                                       Дарко Трајкоски с.р.


Печати   Е-пошта