Систематизација

Систематизација

Врз основа на член 57 став (4) од Законот на локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02), член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14 и 199/14) и член 21 став (1) точка 26 од Статутот на општина Македонски Брод („Службен Гласник“  бр. 02/03), Советот на општина Македонски Брод, на седницата одржана на ден 11.12.2015 година донесе

 

О Д Л У КА

За организацијата, делокругот и начинот на извршување на работните задачи на општинската администрација на Општина Македонски Брод

I.Основни одредби   

Член  1

Со оваа Одлука  се утврдува внатрешната организација на Општина Македонски Брод ( во натамошниот текст: оштината), видот и бројот на организационите единици и нивниот делокруг на работа, начините и формите на раководење,  како и графички приказ (органограм) на внатрешната организација на општината..

Член  2

Внатрешната организација во општината се заснова на начелата на:

-           Законитост, стручност, ефикасност и економичност во вршењето на работите и задачите;

-           Транспарентност, одговорност, професионалност, ажурност;

-           Постапување со внимание на добар домаќин;

-           Одговорност и насоченост кон корисниците на услугите на општината;

-           Независност и одговорност при вршењето на службените задачи;

-           Еднообразност и хиерархиска поставеност на организациксите единици;

-           Делегирање на овластувања и

-           Меѓусекторска координација.

 

 

II.ВИД И БРОЈ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕДИНИЦИ

Член  3

Внатрешната организација на општинската администрација на општината се утврдува во зависност од надлежностите на општината утврдени со закон , групирање на работите и работните задачи според видот  , обемот и сложеноста , нивната меѓусебна сродност и поврзаност , како и другите услови потребни за утврдување на внатрешната организација.

Општинската администрација на општина Мак. Брод се организира во сектори, одделенија и територијална противпожарна единица.

 

Член  4

Секторот се формира заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја  од надлежност на општината, како и заради координирање и контрола на работите од надлежност на одделенијата во неговиот состав и следење и унапредување на меѓусебната соработка на одделенијата.

 

Член  5

Одделение се формира заради извршување на една од следните работи : нормативно- правни , управување на човечки ресурси , стручно аналитички , управни , управно надзорни , информативно - документациони , информативно комуникациски , стручно - оперативни , материјално - финансиски , инвестициони , информатичко - технолошки , стручно - административни , како и други работи што се извршуваат во органите на општината.

Член  6

Општинската администрација на општината Македонски Брод се организира во следните сектори, одделенија и ТППЕ:

  1. Сектор за правни, општи работи, јавни дејности, администрирање на приходи и финансиски прашања во чиј состав се:

1.1. Одделение за правни, општи работи и јавни дејности 

1.2. Одделение за администрирање на приходи

1.3. Одделение за финансиски прашања

2 . Сектор за комунални дејности, локален економски развој, урбанизам и заштитата на животна средина во чиј состав се:

3 . Одделение за инспекциски надзор

4 . Одделение за управување со човечки ресурси

  1. Одделение за внатрешна ревизија
  2. 6. Територијална противпожарна единица на општината.

 

 

III. ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ЕДИНИЦИ

Член  7

Секторот за правни, општи работи, јавни дејности, администрирање на приходи и финансиски прашања ги врши следните работи:

 

 

Член  8

Одделението за правни, општи работи и јавни дејности ги врши работите што се однесуваат на:

Член 9

Одделението за администрирање на приходи ги врши работите што се однесуваат на :

Член 10

Oddelenieto za finansiski praшawa ги врши работите што се однесуваат на :

 

 

Член 11

   Секторот за комунални дејности, локален економски развој, урбанизам и заштита на животната средина ги врши следните работи :

            водење грижа за јавното осветлување,

-           одржувањето на јавна чистота; собирање,транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад,

-           одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги,

-           изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти,                  

-     регулирање на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација,

-     изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; отстранувањето на непрописно паркираните возила,

-           отстранување на хаварисаните возила од јавните површини,

-           изградбата и одржувањето на пазарите,

-           чистењето на оџаците,

-           одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк- шумите и  рекреативнитеповршини,

-           регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови,

-           определувањето на имиња на улици плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти,

-        урбанистичко (урбано- рурално) планирање, издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење, утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште,

-           заштита на животната средина и природата, мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, цивилна и друг вид на заштита,

-    изработување на предлог програма за располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ кое се наоѓа на подрачјето на Општина Макредонски Брод,

-          спроведување на постапките за отуѓување на градежното земјиште,

-          водење на регистар за градежно земјиште.

                                                                                                        

 

Член 12

Одделението за комунални дејности ги врши работите што се однесуваат на:

Член 13

Одделението за локален економски развој ги врши  работите што се однесуваат на:

-         спроведување на прописите  од областа на угостителството  туризмот , занаетчиство и мало стопанство,

-           планирање на локалниот економски развој на општината,

-           предлагање и утврдување на развојните и структурните приоритети на Општината,

-           подготвување програми и предлагање мерки за поддршка на малите и средните претпријатија, занаетчиството и претприемаштвото на локално ниво,

-           воспоставување и развивање на  мрежата на институции и агенции за промовирање на партнерството,

-           врши и други работи што ќе му бидат доверени .

 

Член 14

Одделението за урбанизам  ги врши работите што се однесуваат на :

 

 

Член 15

                  Одделението за заштита на животната средина ги врши работите што се однесуваат на :

 

Член 16

          Одделението за инспекциски ги врши следните работи:

Член 17

Oddelenieto za upravuvawe so ~ove~ki resursi ги врши работите што се однесуваат на:

 

Член 18

 

Одделението за внатрешна ревизија ги врши работите што се однесуваат на:

 

-           врши внатрешна ревизија согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставено од општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната  ревизија прифатени од Министерството за финансии,

-           поготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од Градоначалникот,го обезбедува неговото спроведување и следење,

-           доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и советот на општината ,

-           подготвува кварталнии годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;

-           врши  оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот за намалување на факторите на ризик,

-           врз основа на анализи од работењето ,ја утврдува и оценува економичноста ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација,

-           ја следи и приверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи,

-           ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со Законите подзаконските и актите на органите на општината.

Член 19

Територијалната противпожарна единица на општината ги врши следните работи:

-           гаснење на пожари на подрачјето на општината

-           одстранување на непосредната опасност за настанување на пожари

-           спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозерни од пожари и експлозии;

-           укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации;

-           извршување на други работи при несреќи и непогоди;

-           врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа кои не го оневозмижуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став;

-           заедно со територијалните противпожарни единици на општините во република Македонија утврдени со Закон,дејствуваат како противпожарни единици на РМ заради оперативно делување при гаснењето на големи пожари на целата територија на РМ;

-           водење посебна евиденција за настанатите пожари ,експлозии,интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на дирекцијата за заштита и спасување и општина Македонски Брод;

-           периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага територијалната противпожарна единица;

-           тековна поправка и оджување на механиката ;

-           давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации во координација со Минисерството за внатрешни работи;

-           врши обука од областа на противпожарната заштита на припадници на АРМ;

-           едукација на грѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања преку медиуми и организирање на дуги активности;

-           врши и други работи кои ќе и бидат доверени.

Член 20

                 Општинската администрација врши и работи делегирани од органите на државната управа во согласност со Законот.

  1. IV. НАЧИН И ФОРМА НА РАКОВОДЕЊЕ СО ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТА

Член 21

Со секторите раководат раководители на сектори.

Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на сектор,со секторот раководи раководител на одделение определен од раководителот на Сектор  .

Со одделението раководи раководител на одделение.

Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на одделение , со одделението раководи стручен државен службеник со највисоко звање во одделението кој ке го определи раководителот на одделение.

Член 22

            Со општинската администрација раководи секретарот на општината.

Член 23

            Вкупниот број вработени и распоредот по звања и работни места го утврдува Градоначалникот на општината со правилникот за систематизација на работни места на општинската администрација.          

 

V.Преодни и завршни одредби

 

Член 24

            Составен дел на оваа Одлука е графичкиот приказ – органограм на организациската структура по организациски единици на администрацијата на Општина Македонски Брод, даден во прилог.

                                                           Член 25

Оваа Одлука можи да се измени и дополни на начин и постапка како и при нејзино донесување.

Член 26

Со денот на влегување во сила на оваа одлука престанува да важи одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Македонски Брод број 07-562/4 од 30.07.2014 година.

Член 27

            Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во Службен гласник на општината, а ќе се применува по добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

Бр. 18 – 954/3                                                                         Совет на општина Мак.Брод

11.12. 2015 год.                                                                                  Претседател

                                                                                                       Дарко Трајкоски с.р.

Печати