Биографија на Градоначалникот на Општина Македонски Брод - Жарко Ристески

Image

Жарко Ристески е роден на 15.06.1975 година во Прилеп.

Образование

Основно и средно образование ги завршува во Македонски Брод.

Во 2000 година дипломирал на Филозофскиот факултет на Институтот за социјална работа и социјална политика при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, и се стекнува со диплома, дипломиран социјален работник.

Магистрира на тема „Потребите и капацитетите на згрижувачките семејства како основен човечки ресурс во процесот на деинституционализација“, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во 2011 година, и се здобил со звање магистер по менаџмент на човечки ресурси.

Отсекогаш живее и работи во Македонски Брод и така добро ги запознал своите сограѓани, нивниот менталитет, нивните проблеми и потреби.. Неговиот живот и неговиот начин на работење се водат според високи морални и етички норми. За својот град има визија да биде чист и подобро уреден град , кој ќе биде подобро место за живеење за сите.

Зборува македонски и делумно англиски јазик.Тој е оженет, татко на две деца.

 

Работно искуство

 

Своето работно искуство го започнал во 2002 година во Министерството за труд и социјална политика ПЕ Македонски Брод на позиција помлад соработник.

Од 2005 година е во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Македонски Брод на позиција социјален работник, а од 2011 до 2017 година е на раководна позиција на истата институција.

Од 2015 -2017 година е член на Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

Во 2016 година е учесник на Меѓународна научно – стручна конференција „Унапредување на квалитетот на животот на децата и младите“каде, ја претставува Р. Македонија и е еден од авторите на научниот труд под наслов „Улогата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво во проценката на состојбата на децата со рецидивизам“.

Во текот на повеќегодишното работно искуство во областа на социологијата, тој присуствува на многу обуки и семинари за што се здобил со низа сертификати.

 

Паралелно со работниот ангажман од 2005 -2009 година и од 2017 – 2021 година е член на советот на Општина Македонски Брод ,а во период од 2008 -2009 година е претседател на советот на Општина Македонски Брод.

 


Печати   Е-пошта