Лов и риболов

Ловот и риболовот се карактеристични спортови за општина Македонски Брод.

На поголем дел од општината тие претставуваат и традиционални спортови кои се пренесуваат од колено на колено, осебено ловот.

Во општината има ловно друштво "Песјак" кое активно работи на заштита на корисниот и реткиот дивеч на територијата на Македонски Брод.

Ловното друштво преку зимата хумано се грижи за беспомошните животни.

Исто така има и спортско риболовно друштво "Треска" кое активно се крижи за водниот свет низ реката Треска и вештачкото езеро "Козјак" .

Двете друштва издаваат дозволи за ловење и риболов во определени периоди согласно со законот.

Ловењето без дозвола се казнува.


Печати   Е-пошта