Трибина „На секое дете му е потребно семејство“

Трибината се одржа во салата на Општина Македонски Брод, а во рамките на проектот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Македонски Брод, со подршка на Владата на РМ и Министерството за труд и социјална работа, а со цел да се информира пошироката јавност за формата и начинот на сместување во згрижувачко семејство, а со тоа и поголемо стимулирање на заинтересираните граѓани да станат потенцијално згрижувачки семејства, како и нивно запознавање со бенефитите кои згрижувачките семејства ги користат. Трибината се одржа вчера на ден 31.07.2018 година.


Печати   Е-пошта