Доизградба на патот за с.Косово

Почитувани,

во тек се активности за доизградба на патот за с.Косово. Неговата вкупна должина изнесува 1553м. Патот се гради со средства кои општината ги има добиено од заемот на Светска банка. Вкупната вредност за изградба на овој пат изнесува 12.475.375 денари.

Градежните активности ги изведува фирмата ВАТО ДОО Студеничани, Скопје.

Се очекува градежните активности да завршат до крајот на Ноември.

 


Печати   Е-пошта