Отчет на Градоначалникот за 2018-та година

Отчет на Градоначалникот за 2018-та година

Во рамките на своите надлежности, изминатиот период од една година општината реализираше повеќе активности во областа на:

- инфраструктурата;

- комуналната хигиена;

- животната средина;

- локалниот економски развој;

- социјалната заштита и др.

 

ИНФРАСТРУКТУРА

 - Реконструкција на улица „Партизанска“ во Македонски Брод со должина од 690м. Со вкупна вредност од 4. 437.000 денари.

 

ИНФРАСТРУКТУРА

 - Доизградба на локален пат за село Косово со вкупна должина од 1.560м и вредност од 12.475.376 денари.

 

 

- Изградба на некатегоризиран пат  до локација утврдена за фотоволтаични централи  во КО Инче со должина од 2.250 метри  во вредност од  3.825.074 денари.

 

 

Проекти кои се од областа на инфраструктурата, а за кои општината аплицираше до домашни  и странски донатори за обезбедување на финансиски средства  за нивна реализација се:

- Изградба на локален пат од 10.200 метри за поврзување на викенд населбите Здуње и Близанско (аплицирано до Единицата на Проект за локална и регионална конкурентност) вредност 53.320.500 ден.; 

 

 

До Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Општина Македонски Брод , поднесе барања за финансиска поддршка  во реализацијата на следните проекти:

- Изградба на водоснабдителен систем за с. Требино и алтернативно водоснабдување на Македонски Брод проект вреден 16.285.067 ден.

- Реконструкција на локален пат за село Сланско со вредност од  7.335.593 ден.

- Реконструкција на улица во село Манастирец, со вредност 5.238.092 ден.;

- За овие активности се очекува многу скоро да бидат одобрени бараните финансиски средства.

До истата Агенција, но преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, општината аплицираше и за  обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на дел од локален пат с. Томино село – с. Сушица, делница 1 – од Василковци  до место викано Дрење “ – проект вреден  5.143.576 денари.

 

Во моментов во Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е објавениот јавен повик за избор на економски оператор за реализација на проектот „Водоснабдување на селата: Сушица, Инче, Зркле, манастирот „Св.Богородица“, Горни и Долни Манастирец“. Оваа инвестиција е вредна 40.350.000 денари

Во рамки на проектот„Водоснабдување и одведување на отпадни води“,  до Министерството за транспорт и врски, поднесени се барања за реализација на проектите за:

- „Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во с. Суводол“,

- „Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во с. Девич“ и

- „Изградба на фекална канализација со пречистителни станици во с. Брест“

 

ИНФРАСТРУКТУРА

- За изградба на пристапен пат до земјоделски обработливи површини  од с.Црешнево до место викано Старовци со должина од 2.300м , општината преку Центарот за развој на југозападниот плански регион аплицираше за добивање на финансиски средства во висина од 1.500.000 денари до Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство;

Од оваа област мора да се спомене и проектот „Пробивање на улица од мостот на река Треска (индустриска зона) до градски гробишта во Македонски Брод“ со должина од 1.250 метри, за кој не се обезбедени финансиски средства.

 

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

- Изработка на проектна документација за изградба на локални патишта за селата Бенче, Рамне, Брезница и Долно Ботушје – вредност од 1.108.256 денари – средства обезбедени од Бирото за регионален развој;

- Изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на локалните водоводи за селата Сланско и Црешнево – вредност 359.664 денари – средства од Бирото за регионален развој.

 

Од областа на заштита на животната средина и подобрување на комуналната хигиена, општината во изминатиот период ги реализира следните активности:

- Набавка на камион за одлагање на комунален отпад, во вредност од 920.000 денари;

 

- Поставување на брана за зафаќање на пластичен отпад на река Треска;

 

- Набавени се 50 канти за собирање на комунален отпад во вредност од 60.000 денари;

 

Од областа на заштита на животната средина и подобрување на комуналната хигиена, општината во изминатиот период ги реализира следните активности:

- Извршена е реконструкција на санитарните јазли во зградата на локалната самоуправа – средства обезбедени од МТСП;

- Со средства во висина од 379.425 денари извршени се санации на настанати штети од природни непогоди во с. Самоков и Македонски Брод.

 

Санација на настанати штети од временски непогоди

 

Од областа на социјалната политика, општината  ги реализираше следните активности:

- Општината е влезена во Програмата на Министерството за труд и социјална политика за изградба на дневен центар за деца со посебни потреби, за кој се предвидени средства во висина од 8.000.000 денари;

- Во тек на реализација е проектот „Општинско корисна работа“, посветен на нега на стари и изнемоштени лица;

- Опремен е еден канцелариски простор  во зградата на локалната самоуправа во соработка со МТСП.

 

Од областа на локалниот економски развој, општината  ги реализираше следните активности:

Направен е договор за концесија за мала хидроцентрала на водоводот во Македонски Брод;

- Договор за концесија за мала хидроцентрала на река Треска;

- Предвидена е изградба на фотоволтаични централи за основното, средното училиште и пречистителната станица во Македонски Брод – проект финансиран од Светска банка, а кој ќе се имплементира од Министерството за финансии.

 

Од областа на локалниот економски развој, општината  ги реализираше следните активности:

- Континуирано се водат разговори со приватни инвеститори за изработка на урбанистичко планска документација за 25 ха за изградба на фотоволтаични централи;

- Направен е анекс на Договор за ЈПП за уличното осветлување во Македонски Брод, со кој значително е намалена вредноста на основниот договор.

 

Во изминатиот период, благодарение на Владата на република Македонија, општината:

- Обезбеди патничко моторно возило, во вредност од 300.000 денари, што значително ќе ја подобри работата во службите на општината и ќе го олесни излегувањето на терен кога тоа е потребно.

- На иницијатива на Советот на општината, приклучена е електрична енергија во трпезаријата на градските гробишта.

- Изработи нова посовремена веб страница на Општина Македонски Брод, со поедноставен и полесен кориснички интерфејс, компатибилна со мобилни уреди.

 

ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО.


Печати   Е-пошта