ЈАВЕН ПОВИK до доверителите на Општина Македонски Брод и доверителите на единките корисници основани од Општина Македонски Брод од областа на образованието (СОУ”Св Наум Охридски “-Македонски Брод) за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18), Градоначалникот на Општина Македонски Брод  објавува

 ЈАВЕН ПОВИK

 до доверителите на Општина Македонски Брод и доверителите на единките корисници основани од Општина Македонски Брод од областа на образованието (СОУСв Наум Охридски “-Македонски Брод) за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања 

Се повикуваат доверителите на Општина Македонски Брод  и доверителите на единките корисници основани од Општина Македонски Брод , од областа на образованието (СОУСв Наум Охридски “-Македонски Брод) за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања 

Рокот за пријавување на побарувањата е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот. 

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 

30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските. 

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација: 

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Македонски Брод и доверителот 
  • Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица) 

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат. 

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат ТУКА. 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите 

Рокот за поднесување на пријавите е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во архивата на Општината Македонски Брод (од 07:30 до 15:00 часот секој работен ден), ул7-ми Септември бр.4 Македонски Брод

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид. 

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 045/274-810 -Одделение за финансиски прашања, или на електронската адреса: mak_brod @yahoo.com 

По завршувањето на Јавниот повик ,Општина Македонски Брод во рок од 8 дена ќе ги разгледува  пристигнатите пријави,а Градоначалникот на Општина Македонски Брод ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа  за финансирање на доспеани а неплатени обврски (“Службен весник на РМ” бр.209/18)

                                                                            ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                 Општина Македонски Брод 

                                                                         Живко Силјаноски


Печати   Е-пошта