Соопштение

          Во рамките на проектот подобрување на инфраструктурата на општините финансиран од ЕУ и Влада на РСМ, а кој се имплементира преку Министерството за финансии на РСМ во општина Македонски Брод се одобрени за изградба фотоволтаични централи на ОУ „Св.Климент Охридски“, СОУ „Св.Наум Охридски“ и пречистителната станица во Македонски Брод.

          Овие денови отпочна монтажата на фотоволтаичните централи во ОУ „Св.Климент Охридски“ и СОУ „Св.Наум Охридски“, први од ваков вид во нашата општина со тоа значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија на споменатите институции.

         Се очекува за неколку денови фотоволтаичните централи да бидат пуштени во работа.

Печати