Известување од Агенција за млади и спорт

Почитувани,

Ве известуваме дека Агенцијата за млади и спорт започна со имплементација на проектот „Младинска картичка“ кој нуди попусти за млади од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите и се дел од секојдневието на еден млад човек. За таа цел упатуваме апел до сите правни субјекти од Општина Македонски Брод, да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво.

Правните субјекти имаат можност да одредат своја понуда на попусти за младите и да ја презентираат истата преку младинската картичка, со што ќе успеат да се промовираат и помеѓу младите на локално ниво, но исто така и помеѓу сите млади корисници на картичката. Картичката овозможува директен контакт на компаниите со младите и претставуваат можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категорија млади од 15 до 29 години.

Од друга страна овој проект ќе овозможи финансиско олеснување за младите и голем број на поволности и бенефиции во нивното секојдневие, што ќе го подобри начинот на живот на младите, за што ние како општина континуирано се залагаме.

Правните лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да добијат повеќе информации за можноста за воспоставување на партнерски однос со Агенцијата за млади и спорт во врска со овој проект, можат да се обратат во Општина Македонски Брод - кај лицето одговорно за информации од јавен карактер, Милка Стаменкоска. 

Ги охрабруваме правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето на алатка од која најголен бенефит ќе имаат младите луѓе. Концептот на општествена одговорност треба да биде применет во работата на секоја компанија и секогаш да работиме во насока на подобрување на квалитетот на живот во општество за сите.  


Печати   Е-пошта