Известување за изведување на градежни работи

          Општина Македонски Брод ги известува жителите на селата Горни Манастирец, Долни Манастирец и околните села, како и сите лица што планираат во наредниот период да го користат локалниот пат Горни Манастирец - Долни Манастирец, дека почнувајќи од утре 08.10.2019 година ќе се изведуваат градежни работи по должината на трасата, а сообраќајот ќе се одвива со прекини, односно регулирање на сообраќајот согласно Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај при изведување на градежни работи.

         Ве замолуваме за разбирање.

         Со почит,

         Општина Македонски Брод 

Печати