Известување за патен правец Македонски Брод - Скопје

          Почитувани граѓани, Ве известуваме дека Регионалниот пат К1-Р-104 врска Р-104 М.Брод кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод е во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта. Истиот поминува низ заштитеното подрачје „Јасен“ со кое стопанисува ЈПУЗПП „Јасен“. Како што сте информирани и како што знае јавноста, одреден дел од 8,6 км се користи со ограничен режим поради безбедносни причини.

         Управниот одбор на ЈП „Јасен“ има донесено одлука за плаќање на надоместок за одржување на овој дел од патот.

         Истата е незаконска и неприменлива.

         Од тие причини Ве известуваме дека истата одлука не се применува и не се наплаќа никаков надоместок за користење на овој дел од патот.

         Исто така Ве известуваме дека се променети таблите со кои е овозможен уште еден термин, таканаречен пладневен и сега наместо два ќе има три термини за користење на овој пат. Третиот термин засега поради безбедност ќе се користи само во летниот период. Сите корисници, овој патен правец можат да си го користат како и досега без наплата на никакви надоместоци.

 


Печати   Е-пошта