Заклучок на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување

          Се повикуваат сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Македонски Брод кои се регистрирани за online продажба, дека ќе може да вршат достава само на најнеопходни намирници за итни и неодложни потреби за време на полицискиот час, во деновите: сабота, недела и понеделник. Истите задолжително мора да испратат барање до Општинскиот коoрдинативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод на следната e-mail адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до четврток (16.04.2020 година) до 12 часот.

          Сепак, препорака на Општинскиот кординативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод е граѓаните да ги завршат набавките до петок (17.04.2020 година), до пред почетокот на полицискиот час.

           Општински координативен штаб за заштита и спасување

                                Живко Силјаноски с.р. 

Печати