Проект за поврзување на локални патишта - Известување за јавна расправа

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ и одржување на јавна расправа / видео консултација за документот

План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за изградба на улица од река Треска до градските гробишта во Општина Македонски Брод

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

          Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Македонски Брод аплицираше со проект за израдба на улица од река Треска до градските гробишта, во Општина Македонски Брод.

          Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

           Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Македонски Брод (https://www.mbrod.gov.mk/index.php/en/) на 13 мај 2020.

            Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

          Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Македонски Брод ќе организира јавна расправа, која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео конференција на ден 1мај (петок) 2020 со почеток во 14.00 часот.

          Сите заинтересирани лица нека достават барање за учество по е-маил на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најкасно до 14 мај (четврток) 2020, до 15.00 часот.Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен на вашата е-маил адреса за учество на настанот.

          Дневниот ред за јавната расправа можете да го погледнете и превземете ТУКА.

          Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (македонска верзија), можете да го погледнете и превземете ТУКА.

          Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (англиска верзија), можете да го погледнете и превземете ТУКА.

          Образецот за доставување на коментари можете да го погледнете и превземете ТУКА.

 

Печати   Е-пошта