Прирачници за оператори кои подготвуваат храна за предучилишни и училишни установи

          Во прилог се два ПРИРАЧНИКА за операторите кои подготвуваат храна за предучилишните и училишните установи или кои истата ја добавуваат. Прирачниците се подготвени од: Агенција за храна и ветеринарство и Организација на потрошувачите на Македонија и содржат важни информации за видот на храната која треба да ја добиваат децата и учениците, условите на нејзина подготовка, чување и слично.

          Храната која ја примаат децата во училишните установи треба да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на децата. Таа треба да е подготвена според критериумите за квалитет и безбедност на храната и да ги следи нормите кои се однесуваат на принципите на добра хигиенска практика и добра производствена практика во целиот процес од набавка на суровини, складирање, подготовка на храната до транспорт и послужување на храната.  

         Прирачникот за оператори со храна во предучилишните установи можете да го погледнете и превземете ТУКА.

          Прирачникот за оператори со храна во училишните установи можете да го погледнете и превземете ТУКА.


Печати   Е-пошта