Проект за поврзување на локални патишта - Барање за поднесување понуди

          Почитувани,

          договорниот орган Министерство за транспорт и врски на РСМ објавува:

          Барање за поднесување понуди за набавка на 

Тендер 1 - Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти Дел 1, Дел 2, Дел 3, Дел 4 и Дел 5

        Република Северна Македонија обезбеди финансирање од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, за спроведување на Проектот за поврзување на локални патишта со цел дел од добиените средства да ги искористи за плаќања по доделени договори за набавка за Тендер 1 – Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти - Дел 1, Дел 2, Дел 3, Дел 4 и Дел 5.

     Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија ги повикува подобните понудувачи да достават затворени понуди заизведба на градежни работи за: Тендер 1 – Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени Основни проекти - Дел 1, Дел 2, Дел 3, Дел 4 и Дел 5. Градежните работи вклучуваат реконструкција на постоечките патишта во општините кои се во лоша состојба (оштетување на коловозот, надолжни пукнатини, дупки, оштетени рабници) и чиј капацитет не може да ги задоволи потребите на локалните жители. Во согласност со основните проекти и утврдената постоечка состојба на терен, рехабилитацијата или реконструкцијата ги опфаќа, но не е ограничена на следните градежни работи: гребење на постојниот оштетен површински слој на асфалт каде што е потребно; промена на тампонскиот слој со дробен камен каде што е потребно; изведба на потребни слоеви на асфалт како абечки слој/носив слој; изведба на бетонски елементи/рабници; припрема и поставување на црево за оптички кабел каде што е потребно; изведба на тротоари и велосипедски патеки каде што е потребно;обележување на вертикална и хоризонтална сигнализација, итн. Градежните активности може да вклучуваат и решение за прифаќање на атмосферската вода од коловозот и нејзино спроведување до постојната атмосферска канализација/дренажен систем или изведба на површински бетонски и земјани канали како и изведба на пропусти за спроведување на атмосферската вода до крајниот реципиент.

        Комплетниот оглас за прибирање на понуди можете да го превземете ТУКА.

 


Печати   Е-пошта