Состанок на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување - 29.07.2020 година

         Денес 29.07.2020 година се одржа состанок на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување на кој што беа донесени следните заклучоци:

1.Почитување на Уредбата за носење на заштитни маски, одржување на дистанца и дезинфицирање на рацете од страна на сите граѓани, правни лица и одговорни во правните лица, согласно законските прописи.

2.Да се избегнуваат поголеми собири посебно во затворен простор, поради заштита на здравјето на граѓаните со цел зачувување на нашите здравствени капацитети.

3.Сите позитивни на Коронавирусот да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти.

4.Се укажува на правните субјекти да ги почитуваат протоколите за работа донесени во соодветната област на дејноста.

5.Се укажува на Државниот пазарен инспекторат да ги зачести контролите за почитување на протоколите за работа на деловните субјекти.

        Сите заклучоци од денешниот состанок можете да ги погледнете и превземете ТУКА.


Печати   Е-пошта