Воспоставување на Mеханизам за жалби и поплаки во врска со Проект за рехабилитација на регионален пат

       Ве известуваме дека ГД Гранит АД Скопје е Изведувач на Проектот: Рехабилитација на регионален пат Р 1303, делница Кичево - Македонски Брод (финансиран од ЕБОР, Тендер 2). При финансирање на инфраструктурните проекти од странски донатори, како што е овој случај (финансиран од Европска Банка за обнова и развој - ЕБОР), пред отпочнување на градба се воспоставува процедура и Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките. Засегнатите страни можат и треба да реагираат до претставници на Изведувачот, Надзорот, а доколку не се изнајде соодветно решение, тие можат и треба да се обратат до Инвеститорот ЈПДП.

      Процедурата и Механизмот за жалби и поплаки треба да бидат започнати во случај на повреда на правата на сопственост или нивно загрозување од аспект на безбедноста во сообраќајот, нарушување на кодексот на однесување на ангажираните работници кон локалното население или појава на одредени негативни влијанија врз медиумите на животната средина.

      Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој треба да биде достапен во сите јавни објекти каде се движи локалното население (огласни табли на општината, објекти на месни заедници, канцеларии на Надзорниот орган и канцеларии на Изведувачот), како и на веб страната на Општина Македонски Брод.

      Исто така може да ја користите и контакт е-маил адресата на ЈПДП Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. преку која секој засегнат ќе може да се обрати електронски истакнувајќи ги жалбите и своите прашања.  

      Формуларот за поплаки можете да го превземете ТУКА.

 

      Изведувач на проектот: ГД Гранит АД Скопје

      Инвеститор: Јавно претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија (ЈПДП)

      Надзорни органи:

      - ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје

      - ДИПК ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО увоз-извоз Скопје и

      - ИРД ЕНГИНЕЕРИНГ С.Р.Л. Рим Италија

       

       Одговорно лице за контакт: Тодор Герасимовски

       е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 


Печати   Е-пошта