Општински координативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод 03.12.2020

ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

 

Општински координативен штаб за заштита и спасување во Општина Македонски Брод

 

Денеска, 03.12.2020 г, во просториите на општина Македонски Брод се одржа состанок на Општинскиот координативен штаб за заштита и спасување , на кој состанок се донесоа следниве заклучоци:


-Граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за заштита донесени од Владата на Република Северна Македонија , поточно задолжително носење на заштитна маска, дезинфицирање на раце , одржување на физичка дистанца.


-Во периодот на слави и прослави, почитувајте ги мерките за заштита и бидете максимално одговорни, заштитете се себеси и сите околу вас.


-Лицата кој имаат симптоми суспектни на COVID-19 веднаш да го контактираат матичниот лекар и да извадат упат за тестирање.


-Сите позитивни на Коронавирусот да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти.


-Се задолжува ЈКП Комунална хигиена Македонски Брод редновно да врши дезинфикација на јавните површини каде што има зголемен обем на движење од страна на граѓаните.


Се упатува благодарност до Здравствениот дом Македонски Брод и ОВР Македонски Брод за нивната несебичност и пожртвуваност во борба со Коронавирусот COVID - 19.

 

Ова се многу важни моменти, треба сите да бидеме на ниво на задачата која ни ја носи ова време, да помагаме на институциите и здравствените работници, со тоа го помагаме и зајакнувањето на целиот ситем во борба со овој и со некои идни предизвици.


СО ПОЧИТ ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД


Печати   Е-пошта