Усвоен Буџетот за 2021 година Општина Македонски Брод

На денешната 44та седница на советот на Општина Мaкeдонски Брод едногласно беше изгласан предлог буџетот за 2021 година.Вкупните приходи во буџетот за 2021 година се проектирани во износ
од 176.527.684,00 денари од кои на основниот буџет предвидени се 90.351.000,00 На буџетот на самофинансирачките сметки 4.047.000,00 дотации 79.636.670,00 и за донации 2.492.074,00 денари.
Вкупните расходи се проектирани на износ од 176.527.684,00 денари,од кои за капитални расходи 25.047.200,00 денари и за тековни оперативни расходи 151.480.484,00 денари.Во следната 2021 година Оштината ќе се залага за реализација на повеќе капитални проекти кој се планираат да се реализираат од домашни и странски фондови.
 
 
 
 
 

Печати   Е-пошта