Објава за донација

         Градоначалникот на Општина Македонски Брод неодамна одржа работен состанок со сопственикот на компанијата АТС - ГРУП ДООЕЛ Скопје и компанијата СУМБРО-ТРЕЈД од Самоков, Македонски Брод. На состанокот беа презентирани развојните планови на фабриката СУМБРО-ТРЕЈД и заложбите на општината за економски развој и зачувување и унапредување на животната средина. По одржаниот состанок АТС - ГРУП ДООЕЛ Скопје како општествено одговорна компанија изрази подготвеност да донира 50 контењери на Општина Македонски Брод. Денес (11.03.2021 година) донацијата е предадена од сопственикот и примена од страна на градоначалникот, кој изрази голема благодарност на компанијата АТС - ГРУП ДООЕЛ Скопје. Исто така градоначалникот изрази благодарност и за најавените нови инвестициони вложувања во фабриката со цел зголемување на капацитетите за производство, воведување на нови технологии и отварање на нови работни места. 


Печати   Е-пошта