Работна средба во Министерството за транспорт и врски

          Градоначалникот на Општина Македонски Брод Живко Силјаноски и Претседателот на здружението „ПОРЕЧКИ СРЕДБИ“ Горан Ѓуроски, денес одржаа работна средба со Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

          На работниот состанок беа разгледани постојните проекти и иницијативи за изградба на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје. На состанокот од надлежните беше прифатена неопходноста од изградба на овој патен правец и прифатена е обврската за обезбедување на финансиски средства за изградба од страна на ЈПДП. За конкретизирање на активностите, договорен е нов состанок во Вторник со директорот на ЈПДП и неговите стручни соработници за превземање на конкретни активности.

          На состанокот беше поставено и прашањето за измени во режимот на користење на делницата која поминува низ резерватот „Јасен“, при што Министерот превзеде обврска прашањето да го постави на прва наредна седница на Владата на РСМ и да се определи нов термин согласно доставените наши барања. 

         На состанокот беа разгледани и други тековни проекти кои се реализирани и ќе се реализираат во наредниот период.

 

 

Печати   Е-пошта